“ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ” – СОС Детско село

пред 3 години

“ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ е слоганот на кампањата за промоција на згрижување која има за цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во нашата држава.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село во соработка со Министерството за труд и социјална политика и локалната власт и со поддршка од Германското Министерство за економски развој и соработка.

Вчерашниот прв настан го означи почетокот на кампањата, а на настанот говореа истакнати личности од областа на социјалната заштита и сите упатија апел до присутните да подадат рака, да ги променат животите на децата и да станат згрижувачи. Бројот на деца без родителска грижа и оние во ризик да го изгубат сопственото семејство е голем и потребни се повеќе згрижувачки семејства за секое дете да може да биде заштитено од насилство и злоупотреба, да има стабилно домување и згрижувач.

Во наредниот период, па се до крај на годината ќе се организираат слични настани и во други 24 градови низ Македонија, од кои во првото полугодие ќе бидат опфатени

– Валандово 3ти јуни на плоштад Валандово со почеток од 19.30 часот

– Гевгелија 07ми јуни во Младински Театар Гевгелија со почеток од 19.30 часот

– Велес 13ти јуни во Младински парк Велес со почеток од 18.30 часот

– Штип 21ви јуни на Плоштад Слобода со почеток од 18.30 часот

за Информација за медиуми

од СОС Детско село

датум 01 јуни 2022

– Битола 24ти јуни на Плоштад Магнолија со почеток од 18.30 часот

– Кавадарци 28ми јуни на Графски плоштад Кавадарци со почеток од 18.30 часот

– Струмица 1ви јули на Плоштад Гоце Делчев со почеток од 19.30 часот

– Неготино 7ми јули на Градски плоштад Неготино со почеток од 18.30 часот

Настаните првенствено се наменети за сите заинтересирани граѓани со потенцијал да станат згрижувачи, кои преку промотивни материјали и директни консултации со стручни лица граѓаните ќе можат да се информираат повеќе за згрижувањето. Згрижувачите добиваат услуга на стручна помош и поддршка преку центри за поддршка на згрижувачки семејства, но и месечен надомест за згрижено дете, надомест за згрижувач, како и други бенефиции согласно потребите на децата за кои се грижат.

На настанот се упати апел до граѓаните да се охрабрат и да го отворат својот дом за децата на кои им е потребна грижа со слоганот ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ.

Истовремено по традиција, со оглед на тоа што на 1ви јуни во нашата држава се обележува и денот на згрижувачите, се оддаде признание за сите 353 згрижувачи за нивната посветеност, љубов, добрина, хуманост и за значајната разлика која ја прават во животите на вкупно 527 деца и млади. “

Сите заинтересирани граѓани кои нема да имаат можност да дојдат на некој од настаните повеќе информации како да станат грижувач ќе можат да добијат на телефонскиот број 075 277 477 и веб страната www.zgrizuvanje.mk

ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ

ПР