Пожар во гаража во зграда во Охрид, седум лица пренесени во болница

пред 4 години

Седум лица се пренесени во болница по пожар што настанал во гаража во зграда во Охрид. Според информациите на полицијата, гореле три автомобили.

Пожарот се случил синоќа во 12 и 30 часот по полноќ. Во полиција било пријавено дека настанал пожар во три патнички моторни возила во подрумски простории од зграда на улицата „Ново Проектирана“ во Охрид.

Според пријавеното, станарите биле евакуирани, а шест од нив и еден пожарникар поради задушување од чад, се пренесени во Медицински центар Охрид за укажување лекарска помош.

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.