Македонско еколошко друштво во соработка со ЗП „Осоговски Планини“ денеска на Пониква ги промовираше поставените информативни табли за посетителите на подрачјето. Таблите имаат информативен карактер и содржат општи податоци за заштитеното подрачје, неговата геолошка и биолошка разновидност како и интересни податоци и факти за туристичката понуда во регионот.
„Заштитениот предел „Осоговски Планини“ е дом на шуми со висока природна вредност кои се особено значајни за поддржување на биолошката разновидност и здравиот живот на луѓето. Токму затоа, ова е локацијата на која денеска ги одбележуваме денот на пролетта и денот на шумите“ – изјави Деспина Китанова, раководител на програма во МЕД.
Туристичките информативни табли се изработени во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија
Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), која има за цел да и помогне на Македонија во зачувување на големата биолошка разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо користење и управување. Излезната фаза од Програмата за зачувување на природата во Македонија е координирана од проектен тим кој се состои од претставници на Фармахем a МЕД е вклучен во програмата како партнер.