Синдикатот на одбраната со повик до пратениците: да ги надминат политичките надмудрувања и да го поддржат носењето на законот за вработените во МО

По пријавите за стомачни тегоби во Воената академија, формирана e комисија за преиспитување на Договорот, соопшти МО

пред 4 месеци

Во врска со пријавите за стомачни тегоби на лица од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово, пријавени на 12-ти септември, а поврзани со организираната исхрана на припадниците во Армијата и Министерството за одбрана информира дека во министерството е формирана Комисија која има за цел преиспитување на сите неправилности и недостатоци од Договорот.

„Комисијата е во состав на одговорни лица од сите сектори и секции од Министерството и Генералштабот на Армијата и доколку се утврдат неправилности или недостатоци во однос на реализација на склучениот договор од страна на фирмата, министерството ќе преземе мерки за раскинување на Договорот“, се потенцира во соопштението од ресорното министерство.

Текстот По пријавите за стомачни тегоби во Воената академија, формирана e комисија за преиспитување на Договорот, соопшти МО е превземен од МАКФАКС.