Прекин на услугите на УЈП на 29 и 30 август

Прекин на услугите на УЈП на 29 и 30 август

пред 5 месеци

Управата за јавни приходи информира дека спроведува активности за надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги.

Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период, можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ

По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира.

Апелираат до сите корисници на овие системи да ги завршат своите итни и неодложни обврски поради најавениот прекин.

Текстот Прекин на услугите на УЈП на 29 и 30 август е превземен од МАКФАКС.