Приведени двајца крадци, расчистена тешка кражба, одземеното вратено на сопственикот

пред 3 години

Вчера во 17.30 и во 18.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Петровец ги лишиле од слобода М.М.(24) од с.Идризово, скопско и Ф.С.(22) од Скопје.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тие се сомничат дека ноќта помеѓу 28 и 29.04.2022 одзеле повеќе предмети од фирма во населба Илинден.

Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.