Три лица од Скопје се приведени а полицијата ги сомничи за разбојништво откако физички нападнале скопјанец во неговиот двор и го ограбиле.
Имено на 13.11.2021, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле А.А.(31), Ф.Б.(29) и С.К.(32), сите од Скопје.
Тие се сомничат дека на 13.11.2021 во неговиот двор на ул.„Скупи“ физички го нападнале О.К. и му одзеле пари, а го оштетиле и неговиот мобилен телефон.
Тројцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.