Приведено лице од Косово, се обидело да поткупи полициски службеник на граничен премин

пред 3 години

Денеска на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата кон Косово, полициски службеници го лишиле од слобода косовскиот државјанин С.Ј.(56).

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој управувал патничко возило комби „фолксваген“, со косовски национални ознаки, а при проверка на возилото, во него била пронајдена поголема количина на роба која ја превезувал, а за која не поседувал никаква документација.

Притоа, тој му понудил на полицискиот службеник да го почести, ставајќи му пари во својата косовска патна исправа, информира полицијата.
По ова С.Ј. бил приведен, а по документирање на случајот од страна на Одделението за прекуграничен криминал и миграции при Регионален центар за гранични работи Север против него ќе биде поднесена соодветна пријава.