МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Приведен бегалец, бил осуден на казна затвор од четири години и девет месеци

пред 8 месеци

Вчера, полициски службеници од Полициската станица Штип го привеле П. И. (29) од с. Црвулево, општина Карбинци.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“ поради бегство од затворот, каде што издржувал казна од четири години и девет месеци за сторени кривични дела тешка кражба.
Лицето е спроведено до „Затвор Куманово“ за доиздржување две години и пет месеци од казната.

Текстот Приведен бегалец, бил осуден на казна затвор од четири години и девет месеци е превземен од МАКФАКС.