Вчера во 01.30 часот на подрачјето на Центар од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е лишен од слобода Е.Ц.(29) од с.Долно Коњари, скопско.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Кај него биле пронајдени прашкаста материја, марихуана, семки од марихуана и пари, кои се одземени и предадени за вештачење.
Лицето е приведено и задржано во Полициска станица Гази Баба. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.