При полициски претрес извршен на 26 јануари во домот на 39-годишниот З.Б. од Кичево, полициски службеници пронашле и одзеле метадон, предмети со остатоци од хероин и парични средства во различни апоени.
Како што информираат од МВР, предметите се одземени и предадени на вештачење, а З.Б. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.