Привремен прекин на сообраќајот од Св. Стефан до Св. Наум во Охрид

пред 3 години

СВР Охрид ги известува жителите на Охрид дека денеска за редовен сообраќај привремено ќе биде затворен дел од регионалниот пат Охрид – Св. Наум.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Привременото затворање ќе започне во 15 часот на потегот од туристичкиот комплекс Св.Стефан сѐ до туристичкиот комплекс Св.Наум кај Љубаништа, од каде сообраќајната полиција ќе врши пропуштање само на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните лица – учесници на самитот „Отворен Балкан“ што се одржува во Охрид.

СВР Охрид апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на овој патен потег, но и по останатите сообраќајници каде се преземаат соодветни сообраќајно-безбедносни мерки.