Привремен режим на сообраќај на крстосницата на булеварот АСНОМ со улицата Февруарски поход

Привремен режим на сообраќај на крстосницата на булеварот АСНОМ со улицата Февруарски поход

пред 1 година

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје известува дека денеска, во 8.30 часот, екипи одговорни за одржување на светлосната сигналзиација на градските сообраќајници, ќе почнат со реализација на активности за монтажа на нови портални и конзолни семафорски столбови на крстосницата помеѓу булеварот АСНОМ и улицата Февруарски поход.

За време на изведување на работите сообраќајот ќе се одвива непречено, но отежнато.

По должината на улицата Фебруарски поход нема да има прекин во сообраќајот, туку тој ќе се одвива наизменично и парцијално по една сообраќајна лента во правец, а на булеварот АСНОМ кон улицата Февруарски поход, ќе бидат слободни десните вртења за да може автобусите непречено да се движат, а возилата ќе ја користат истата лента, но и околните сообраќајници околу паркиралиштата.

Текстот Привремен режим на сообраќај на крстосницата на булеварот АСНОМ со улицата Февруарски поход е превземен од МАКФАКС.