При градежни работи во Шипковица пронајдени две вреќи со гранати

пред 3 години

Во Полициското одделение Попова Шапка вчера било пријавено дека при изведување градежни работи во тетовското село Шипковица биле пронајдени две вреќи со гранати.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што информираат од МВР, експлозивните направи биле пронајдени во центарот на селото, на место викано Порој, при ископ со работна машина.

По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и било констатирано дека станува збор за три ракетни гранати, една кумулативна мина од РПГ-рачен фрлач, една тромблонска мина со полнење и седум гранати со полнење од минофрлач од 60 милиметри, делумно корозирани.

Експлозивните средства биле безбедно подигнати од Дирекцијата за заштита и спасување – Скопје и било констатирано дека се работи за експлозивни средства од кинеско и југословенско производство.

 

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан