При упадот во М-НАВ имало 40 прелети, авион бил оставен да кружи, тврди Чулев

При упадот во М-НАВ имало 40 прелети, авион бил оставен да кружи, тврди Чулев

пред 1 година

„Како што дознаваме, неофицијално, во моментот на насилниот упад во зградата на М-НАВ, на македонското небо вршеле прелет околу 40 авиони, а 2 авиони, од кој еден бил на сериозна авио компанија, кружеле над Скопје повеќе време и чекале дозвола за слетување. Во текот на денот имало и две слетувања на НАТО воздухоплови на аеродромот во Скопје, изјави  поранешниот технички министер за внатрешни работи и член на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев.

Според Чулев скандалозно е што насилниците по извршениот упад во М-НАВ и делењето на шамари и клоци судот ги пушти без притвор, само со мерки за претпазливост.

„Името на агенцијата за обезбедување е озогласената кичевска фирма 2СС, која има промет од околу 3 милиони евра годишно и е позната по милионските тендери, посебно во институциите, кои ги раководат кадри на ДУИ. Па на листата на институции, кои ги користат нивните услуги се: АЕК, ЈП Државни Патишта, скопската градска болница 8-ми септември, како и Архелошкиот музеј, Музеј на Македонија, здравствен дом Кичево, Државната лотарија, ТИРЗ Кичево и Струга, Клиниката за гинекологија, Фонд за здравствено осигурување, Општина Центар во делот на училишта и градинки, Клиника за хематологија, скопската Клиника за кардиологија, управа за заштита на културно наследство, агроберза, Општина Струга и други. Односно накратко секаде каде ДУИ и СДС се на власт. Дополнително, уште еден бенчмарк исполнет од европскиот фронт СДС-ДУИ, е фактот дека тепачите од М-НАВ беa пуштени без притвор. Скандалозно е што насилниците по извршениот упад во М-НАВ и делењето на шамари и клоци судот ги пушти без притвор, само со мерки за претпазливост. Во тие мерки, во соопштението, не се наведува дека им е забрането да одат повторно во институцијата, каде извршија кривично дело, што значи дека тепачите на ДУИ потмогнати од СДС, можат во секое време да го повторат делото., рече Чулев.

Како што посочува Чулев, затоа оваа неевропска коалиција, ќе одговара европски.

„Една од првите одлуки по преземањето на институциите и МВР ќе биде одговорност пред законот без исклучок на сите вмешани во овој сериозен меѓународен скандал. Ова ли е европската агенда на ДУИ и СДС? Ова ли е начинот на кој ќе ја внесуваат Македонија во ЕУ? После ваков невиден настан, непознат во Европа и светот, мора да следат оставки веднаш, од врвот па надоле. Одговорност мора и ќе имае! Никогаш не било полошо! Време е да ги поразиме“, завршува Чулев.

Текстот При упадот во М-НАВ имало 40 прелети, авион бил оставен да кружи, тврди Чулев е превземен од МАКФАКС.