Продолжува узурпацијата на охридското крајбрежје – Пецаков не реагира, вели партијата Левица

Продолжува узурпацијата на охридското крајбрежје – Пецаков не реагира, вели партијата Левица

пред 7 месеци

„Несанкционираното самоволие на неколку локални моќници во Охрид и натаму продолжува. Со одобрение на градоначалникот Кирил Пецаков локалната власт и Владата предводена од ДПМНЕ продолжува и бетонската узурпација на охридското крајбрежје“, соопштуваат од партијата Левица.

„Охридското Езеро, градот Охрид и статусот за заштита на УНЕСКО, денес се загрозени повеќе од било кога. Урбаната мафија продолжува да ужива во своите можности за напредок на бизнисите и остварување на поголем капитал за време на летната сезона, а инспекторите вклучени во организираната корупција уживаат во комфорна зона во нивните удобни фотелји.

Земаме предвид дека секоја страна има своја верзија, така што сакаме да слушнеме верзија и од надлежните институции, како овие овие моќници можат да узурпираат и со тоа да остваруваат профити, а езерото да биде заробеник на интересите на поединци.

За потсетување, пред неколку месеца политичката партија Левица реагира за градежни зафати на самиот езерски брег кај Канео за што и поднесе иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор. Од службата тогаш добивме одговор дека се гради од „непознат сторител“. Овие денови сме сведоци дека и пред плажата пред хотелпт „Аквалина“, исто така „непознати инвеститори“ го прошируваат брегот.

Бараме одговорност за градоначалникот Пецаков и инспекциските служби, кои работат спротивно на законот и препораките на УНЕСКО, со што ја злоупотребуваат службената положба“, се додава во соопштението на партијата Левица.

Текстот Продолжува узурпацијата на охридското крајбрежје – Пецаков не реагира, вели партијата Левица е превземен од МАКФАКС.