Пронајдена муниција при претрес во охридско

пред 3 години

По претходнo добиена судска наредба, вчера бил извршен претрес во домот на К.Н.(30) од охридското село Горно Лакочереј.

Притоа, полициските службеници од СВР Охрид, пронашле и одзеле триесет и три куршуми за автоматска пушка и три куршуми за пиштол калибар 9 милиметри, што неовластено ги поседувал.

Тој е лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.