Радослав Варџиски, десната рака на кумановскиот градоначалник, стана заменик-министер за дигитална трансформација, а Мирослав Лабудовиќ за енергетика

Радослав Варџиски, десната рака на кумановскиот градоначалник, стана заменик-министер за дигитална трансформација, а Мирослав Лабудовиќ за енергетика

пред 6 месеци

На партиски состанок политичката партија ЗНАМ ги утврди кандидатите за двајца заменик-министри во Владата, во министерствата за дигитална трансформација и за енергетика и рударство.

Портпаролот на Движењето, Никола Мемов, соопшти дека Централниот одбор едногласно одлучил да ги назначи Мирослав Лабудовиќ за заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини и Радослав Настасијевиќ-Варџиски за заменик-министер за дигитална трансформација.

Радослав Настасијевиќ-Варџиски важи за најбллизок соработник на лидерот на ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

 

Текстот Радослав Варџиски, десната рака на кумановскиот градоначалник, стана заменик-министер за дигитална трансформација, а Мирослав Лабудовиќ за енергетика е превземен од МАКФАКС.