СДСМ: Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наместо да бараат алиби за неспособноста, да се зафатат за работа

пред 3 години

Градоначалничката на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска покажа неспособност со тоа што два месеци од мандатот и поминаа во неработење и правење штета на граѓаните на Град Скопје, обвинија од СДСМ.

„ Арсовска скандалозно го поништи проектот Бас рапид транзит за еколошки и ефикасен градски превоз на којшто се работеше три години со партнерите од ЕБОР.мУште поскандалозна е нејзината најава дека нема да ги гради двата нови моста, мостот на булевар АСНОМ и мостот на улица Љубљанска.

Мостот на АСНОМ е во поодмината фаза и Арсовска само требаше да ја продолжи неговата изградба. Мостот го олеснува сообраќајот за Аеродром и Гази Баба.мМостот на Љубљанска има целосен проект и средства обезбедени од Владата предводена од СДСМ преку ТАВ програмата. Важен за граѓаните на Карпош и Центар.

Со овој прекин на три капитални проекти само поради лични каприци, Арсовска покажува несериозно, нечесно и политикантско однесување кое е исклучиво на штета на интересите на граѓаните, на штета на развојот на Скопје“ велат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ не може со невистинити податоци да ја покрие неспособноста, штетното однесување, разрешувањето на директори, прекинување проекти и низа други неуспеси на Арсовска, се наведува во соопштението на СДСМ.

Порачуваат дека Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наместо да измислувале алиби, да се зафателе со решавање на проблемите и конечно да почнат да работат за интересите на граѓаните.