СДСМ е најтранспарента партија, објави во својот изештај Меѓународниот републикански институт ИРИ – Индекс на транспарентност на политичките партии, за 2023 година, велат од СДСМ.
„Според извештајот, СДСМ е најтранспарентна партија во сите точки со кои се прави истражувањето во однос на основните информации за партијата, пристап до информации од јавен карактер, финансиска транспарентност и комуникација или отвореност со членството и граѓаните“, дополнуваат од СДСМ.
Според анализите и извештајот, како што додаваат, СДСМ има најдобар резултат на Индексот на транспарентност (2023) во однос на сите други политички партии.
„СДСМ бележи пораст и при ова мерење на активната транспарентност е оценета со ‘многу добра активна транспарентност’. Веб-страницата е надградена, добро уредена и содржи голем дел од анализираните информации. На пример, по објавувањето на Индексот на транспарентност на политичките партии (2021), на веб-страницата е воведена посебна категорија (подмени) „информации од јавен карактер“, каде што јасно се структурирани сите информации, како што се: листата на информации од јавен карактер, програмите на партијата и основните акти на партијата, финансиските извештаи, годишните извештаи и годишните сметки, релевантните закони за работењето на политичките партии, стои во извештајот на ИРИ.
СДСМ има максимален број поени во однос на финансиската транспарентност и извештајот на донации, каде што целосно ги објавила информациите, стои во извештајот.
Анализата на Индексот покажува дека СДСМ е единствена партија која регистрите на донации и извештаите за донации ги има објавено во отворен формат.
СДСМ има и најголема оценка и во однос на делот, комуникација со граѓаните – индикаторите ја мерат отвореноста на партијата, односно воспоставените механизми за електронска комуникација со граѓаните и членовите на партијата.
Извешјот на ИРИ ги потврдува политиките на СДСМ за одговорно, отчетно и транспарентно работење во отворена и навремена комуникација со граѓаните“, велат од СДСМ.
Текстот СДСМ: Извештај на ИРИ – СДСМ е најтранспарентна партија е превземен од МАКФАКС.