Само еден месец по парламентарните избори, јасно е дека ДПМНЕ го излажа народот, реагираат од СДСМ на денешната прес – конференција на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ветуваа ефикасна и намалена јавна администрација, а шверцерски, по итна постапка, без анализа и буџетски импликации, среде ноќ, донесоа закон за зголемување на бројот на министерствата. Митева и 77-те послушници на Мицкоски имаа можност да зборуваат, ама молчеа, немаа што да кажат. Можеа да кажат дали се пудлици седнати во скутот на ДУИ? Што и да зборува сега Митева, колку небулози да шири, не може да го пренебрегне фактот дека е лажливка, дека заедно со колегите лажговци од ДПМНЕ, го излажа народот – едно зборуваа пред избори, а друго прават сега. Според Мицкоски ништо во политиката не е случајно, па така кампањата на ДПМНЕ против ДУИ се претвори во политички пазар.
Ветуваа подобри договори и јака меѓународна политика, а веќе отворија кавги со соседите. Ветуваа ќе ја намалат задолженоста, а уште неседнати во фотелјите најавуваат земање кредит од милијарда евра. Сметките за нивните лаги допрва ќе дојдат за наплата, кај граѓаните и државата. ДПМНЕ гордо ги предаде граѓаните, ја изневери довербата на народот“, се вели во соопштението на СДСМ.
Текстот СДСМ: Митева и 77-те послушници на Мицкоски имаа можност да зборуваат, ама молчеа е превземен од МАКФАКС.