СДСМ: Мицкоски бесрамно организира протести во есенскиот налет на коронавирусот

пред 4 години

За да ја спаси фотелјата во белиот дворец, губитникот Христијан Мицкоски го загрозува здравјето на сопартијците, но и јавното здравје, велат од СДСМ како реакција на вечарашниот протест кој ВМРО-ДПМНЕ го посвети против „неправдата, реваншизмот и политичкото насилство“. „Во време кога државата се соочува со есенски бран на коронавирусот, Мицкоски без срам организира собири, лицемерни протести на кои не се почитува мерката за задолжителна дистанца, а мерката за задолжително носење заштитна опрема, масовно се прекршува“, се наведува во партиското соопштение. Во него се додава и дека неодговорното и незрезло не е ништо ново кога е во прашеање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. „Тој и во време на забрани и вонредна состојба ширеше лажни вести, ги прекршуваше мерките и задолженијата и се обидуваше истите да ги прикрие“, посочуваат од СДСМ и додаваат дека заради лицемерниот однос, Мицкоски три пати губи на избори и уште долго ќе остане во опозиција.