СДСМ: Учебната година ќе почне oд септември со физичко присуство, ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги вознемирува граѓаните

пред 3 години

Наместо да се занимаваат со создавање несигурност кај граѓаните по однос на подготвеноста на училиштата за организацијата на учебната година, би било добро ВМРО-ДПМНЕ конечно да покаже капацитет и да се вклучи во процесите во интерес на учениците и обезбедувањето на непречена едукација во услови на пандемија, велат од владејачката СДСМ.

„Ако барем ги читаат вистинските информации ќе знаеја дека Владата веќе има одлука за старт на учебната година со физичко присуство во основните и средните училишта од први септември, за што има здравствени протоколи, а училиштата ги прават последните подготовки.

Од 1 септември започнува и имплементацијата на реформите во основно образование, а учениците од прво и четврто одделение ќе учат по нови програми, од нови современи учебници“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава и дека образовниот систем е подготвен за настава во услови на пандемија уште во јули со три сценарија, кои веднаш може да се применуваат според епидемиолошката состојба.

Од владејачката партија апелираат до граѓаните за наставниот процес да се водат по официјалните информации кои ги објавуваат надлежните институции, предводени од Министерството за образование и наука.