ВМРО-ДПМНЕ е партијата којшто го погазуваше трудот и достоинството на работниците, ја држеше минималната плата под 9.000 денари и ги третираше за евтина работна сила. Ниту е ВМРО-ДПМНЕ на страна на работниците ниту пак на страна на ССМ, напротив, целта на ВМРО-ДПМНЕ не е да помогне на ССМ туку да го суспендира договорот на Владата со СОНК за покачување од 15 % на платите во образованието и континурано покачување согласно методологијата, реагираат од партијата на власт на прес- конференцијата на Марија Митева.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„ВМРО-ДПМНЕ на овој начин бара помало зголемување на платите во образование и детска заштита од 11,5%. Владата предводена од СДСМ нуди системско решение преку воспоставување на нова методологија која значи постојан раст на платите во јавен сектор. Преку социјален дијалог со ССМ, како репрезентативен синдикат, може да се дојде до системско решение за што преговорите траат“, е потенцирано во реакцијата од СДСМ.
До крај на годината, како што напоменуваат, ќе се донесе нов закон за платите во јавниот сектор, кој ќе ги воедначи разликите и ќе воспостави систем на плати во јавниот сектор.
ВМРО-ДПМНЕ, оценуваат од СДСМ, треба да ја прими пораката на граѓаните и своето деструктивно однесување да го промени.