Седум лица казнети по 2.000 евра за непочитување на полициски час

пред 4 години

Седум лица добија парични казни од по 2.000 евра за непочитување на полицискиот час.

„ Обвинетите биле затекнати при непочитување на важечкиот полициски час. Имено, за време на забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, тие се движеле на различни локации во градот.

Надлежните јавни обвинители за секого од обвинетите лица предложија парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност“ соопшти обвинителството.​