Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, денеска, во Берлин, на маргините на конференцијата за обнова на Украина, оствари средба со Барбара Рамбусек, директорка за родова и економска инклузија во Европската банка за обнова и развој.
На средбата беше разговарано за исклучителната важност на посветената реализација на проектите на ЕБОР во земјата, фокусирани на континуиран развој на социо-економските процеси во македонското општество во согласност со нашата европска стратешка определба.
Двете соговорнички ја потенцираа заложбата во промовирањето на родовата еднаквост како клучен двигател на функционалната одржлива и инклузивна пазарна економија. Во таа насока претседателката Силјановска-Давкова изрази задоволство од успешноста на спроведените политики на ЕБОР во земјата.
Текстот Силјановска-Давкова – Рамбусек: Разгледана важноста на посветената реализација на проектите на ЕБОР е превземен од МАКФАКС.