Вчера во 17.48 часот кај клучка Мирковци, полициски службеници го привеле И.И.(32) од Скопје.
Според полицијата, тој управувал патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, а при легитимирање лажно се претставил, покажувајќи службена легитимација без име и презиме, за која било утврдено дека не е негова, а појаснил дека ја нашол во смет.
Лицето е предадено на полициски службеници од полициска станица Чаир за понатамошна постапка.