32-годишна скопјанка се лизнала и паднала од карпа при искачување на планината Кораб соопшти МВР.
Имено вчера во 16.05 часот во Полициското одделение Маврово, М.Г.(45) од Скопје пријавил дека при искачување на врвот „Махија Маде“ на планината Кораб, каде учествувале 14 планинари, М.П.(32) од Скопје се лизнала и паднала од карпа.
Со помош на другите планинари се спуштиле до с.Грекај и со медицинско возило од Медицински центар Гостивар била пренесена во Ургентниот центар во Гостивар каде од страна на лекар и биле констатирани повреди.