Со градски воз министерот Николовски ќе го намалува сообраќајниот хаос во Скопје, но в година кога ќе има и нова локална власт

Со градски воз министерот Николовски ќе го намалува сообраќајниот хаос во Скопје, но в година кога ќе има и нова локална власт

пред 6 месеци

Покрај изградбата на автопати и железнички пруги низ кои ќе минуваат најголем број товарни возови и најмногу патници, во приоритетите на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, е и градски воз во Скопје. Набројувајќи ги проектите на кои ќе работи, тој денес најави дека сообраќајниот хаос во Скопје ќе го решава со градски воз како негов личен проект.

„Тука, секако, можам да кажам е и мојот личен проект, кој се надевам дека в година ќе може да го видите сите, а тоа е градски воз. Да може во Скопје колку толку да го решиме сообраќајниот хаос што, секако, по локалните избори, со еден тим во Град Скопје, со кој ќе може да соработуваме, можеме да го надградуваме и со поефикасен јавен транспорт“, рече министерот Николоски.

Неговата замисла, според досегашните изјави во медиумите, е да се искористи постојната железничка инфраструктура во Скопје, како и постојните возови за граѓаните од населбите што се подалеку да имаат можност и на ваков начин да стигнат до центарот на градот.

Текстот Со градски воз министерот Николовски ќе го намалува сообраќајниот хаос во Скопје, но в година кога ќе има и нова локална власт е превземен од МАКФАКС.