Државата денеска преку Министерството за финансии ја емитуваше дваесет и првата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од 6 милиони евра.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Со оваа обврзница, како што информираат од Министерството, ќе се обесштетат сите лица со правосилни решенија за денационализација од 1.01.2021 година до 31.12.2021 година, каде што е утврден надомест во обврзници.
Средствата доделени преку обврзниците државата ќе ги исплаќа на десетгодишни рати со годишна камата од 2 отсто.
„Република Северна Македонија може во секое време да изврши откуп на обврзниците за денационализација пред рокот на нивното достасување според условите, начинот и постапката што ги утврдува Владата на Република Северна Македонија. Тргувањето со обврзниците за денационализација ќе се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките членки на Македонската берза. Пред рокот на нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост“, наведуваат од Министерството за финансии.