Вчера, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода Т.Л.(47) од Демир Капија, затоа што со службениот пиштол, сопственост на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде што работи, му се заканил на неговиот брат.
Т.Л. бил приведен во полициска станица, а при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени пиштолот, 1 рамка со 9 куршуми 7.62 ммм и службена легитимација од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија – Шумски полицаец.