Стоилковски: Наместо да го бараат избеганиот син на Командант Баци од УЧК, полицајци вадат пиштоли по кафани

Стоилковски: Ковачевски не смее збор да изусти за тоа што Груби, Османи и половина влада вработувале семејства во М-НАВ

пред 12 месеци

Димитар Ковачевски не смее збор да изусти за тоа што Груби, Османи и половина влада вработувале семејства во М-НАВ, изјави на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Ковачевски не е портпарол кога станува збор за бандитизмот, Ковачевски е портпарол само кога ќе му дошепне Али Ахмети. Уште пострашно, Љупчо Николовски, министер со цело семејно стебло вработено во М-НАВ, не му било гајле за ставот на премиерот“, рече Стоилковски.

Како што додаде, во М-НАВ, Вујар Османи вработил сестра; Артан Груби – снаа; Ејуп Алими, екс пратеник од ДУИ – две снаи и син; Беким Незири, притворен како предводник на групата тепачи во М-НАВ вработил внук; Љупчо Николовски во М-НАВ има чичко, братучед, а Телма објави и за внук.

 

„Ова е шемата по која што функционира лажниот европски фронт. Министри вработувале по два-тројца роднини во М-НАВ, а потоа „не им е гајле“ што мисли премиер. Ковачевски не смее збор да каже за министри и функционери на ДУИ дури и кога тепаат во контролна кула за летање. СДС и ДУИ не може да се европски фронт, затоа што тоа е коалиција на бандитизмот. Ова е класичен бандитизам со којшто функциите губат значење“ рече Стоилковски.

 

Текстот Стоилковски: Ковачевски не смее збор да изусти за тоа што Груби, Османи и половина влада вработувале семејства во М-НАВ е превземен од МАКФАКС.