Тепачка на ски-терените на Бистра – Косовци против Гостиварци

пред 3 години

Осум лица се приведени вчера поради тепачка на ски-терените на Бистра во Маврово.

Според информациите од СВР Тетово, четворица од приведените се од Косово, а другите четворица од Гостивар. Во тепачката биле користени и тврди предмети, при што двајца се потешко повредени и хоспитлизирани во гостиварската Општа болница.

Сите инволвирани – Ј.О.(27), Д.О.(30), Ф.О.(29) и А.О.(19) од Република Косово и Б.Д.(29),Г.Ѓ.(25), М.Ѓ.(41) и С.Ѓ.(30) од Гостивар, се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.