(Видео) Новиот министер Тошковски го посети пунктот за фотографирање во Пролет: Зошто не функционираат сите 12 пункта?

„Тошковски призна дека не може да го реши проблемот со издавање пасоши“, велат од СДСМ

пред 11 месеци

„Ништо од најавите на ДПМНЕ. Уште на првиот ден од мандатот како технички министер за внатрешни работи на ДПМНЕ, Тошковски призна дека не може да го реши проблемот со издавањето пасоши“, велат од СДСМ.

„ДПМНЕ до пред само неколку дена велеше дека Спасовски не можел да го реши проблемот, дека МВР не работело со сите капацитети, дека со закон ќе интевенирале за да се пролонгира важењето на старите пасоши.

Од првиот ден како влегоа во техничката Влада одеднаш ништо не важи.

Одеднаш ништо од законот, одеднаш МВР рабоело со полн капацитет, одеднаш не можело да се реши, па редат оправдувања дека „не може да прави чуда“, дека наишол на ѕид од Грција.

Ништо не се менува во ДПМНЕ, едно зборуваат, друго прават, но секогаш ги лажат граѓаните“, соопшти СДСМ.

Текстот „Тошковски призна дека не може да го реши проблемот со издавање пасоши“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.