Трајковски: Не е точно дека сум ја повлекол кандидатурата за претседател на НСДП

пред 3 години

Секое кандидирање и евентуално повлекување на кандидатура е лично право на Кандидатот, реагира организацискиот Секретар на НСДП, Кристијан Трајковски.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој смета дека информирањето на јавноста во негово име, од страна на други членови на НСДП, е манипулативно, неетичко и крајно дискредитирачко и дезинформирачко.

„ Од таа причина ги информирам медиумите и јавноста дека ваквата постапка ме поттикнува да уште посилно да продолжам во мојата борба за слободна и демократска НСДП. На 4 јуни, на Петтиот Конгрес на партијата, согласно Статутот на партијата, ќе се самокандидирам за иден претседател на НСДП, а информациите за повлекување на мојата кандидатура се невистинити.

Нема да дозволам да ја изневерам довербата на членовите на НСДП, како и нивната искрена желба за демократски промени во партијата и воедно ги повикувам сите делегати и членови на 4 јуни да постапат согласно сопствеото убедување, волја и морал и да имаме вистински демократски конгрес кој на крајот ќе не обедини во водењето на партијата“ порача Трајковски.

Претходно НСДП преку соопштение информираше дека Трајковски ја повлекол својата кандидатура за претседател на партијата.