Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку објава на „Фејсбук“ даде мислење за денешниот протест на вработените од сите подружници на Јавното претпријатие „Национални Шуми“ кои протестираат бидејќи два месеци доцни платата и теренскиот додаток.
Трипуновски вели дека Менаџментот има пари да се луксузира со набавка на нови возила и луксуз, но нема за плата за вработените. Сето ова, како што додава, е резултат на превработеноста во претпријатието кое што го наполнија со партиски кадри и недомаќинското работење. Тој апелира директорот на Јавното претпријатие да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди пари за платите на вработените.
„Додека Љупчо Николовски троши државни пари за политичка кампања и да се шета по Македонија, вработените протестираат и се молат за плата за да ги прехранат семејствата. Наскоро им доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот, ќе се воведе ред во сите институции, македонскиот народ не заслужува ваков третман“, изјави Трипуновски.
Текстот Трипуновски: Директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди пари за платите на вработените е превземен од МАКФАКС.