Утрово во 08.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај превојот „Стража“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Ж.(27) од с.Делогожда, струшко, излетало од коловозот.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Ж.(49) и уште еден малолетен сопатник, двајцата од с.Делогожда, а со телесни повреди се здобил воачот констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.