Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

пред 8 месеци

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп.

„Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од Врховниот суд поради сомневања за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат натамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат од МВР.

Засега не е позната локацијата каде што е приведен судијата, ниту пак, за колкава сума станува збор.

Текстот Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп е превземен од МАКФАКС.