Силно невреме од дожд со зрна од град поголеми од орев синоќа го зафати Лозово.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Градот ги уништи земјоделските насади во општината во која граѓаните егистираат од земјоделието, вели градоначалникот, Бошко Цветковски.
„Земјоделието е единственото нешто од што егзистираат граѓаните на Лозово. 100 посто уништено. Уништени жита, тутуни, лозја, овоштарници, возила, пластеници… Се’!“, вели Цветковски.
За утре најави одржување на вонредна средница на Советот, на која ќе се формира Комисија за проценка на штети.
„Штетата е огромна посебно на овошките, лозовите насади и пластениците, кои буквално се столчени од силното невреме со големите зрна град поголеми од орев“, додаде Цветковски.
Од силниот град пробиени се и некои од покривите на куќите, а оштетен е и возниот парк на Општина Лозово.