ЦУК: Ангажирана и воздухопловна поддршка за гаснење на опасниот пожар шума кај Делогожди, што од депонија помина во борова шума

ЦУК: Ангажирана и воздухопловна поддршка за гаснење на опасниот пожар шума кај Делогожди, што од депонија помина во борова шума

пред 6 месеци

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека во атарот на село Делогожди во општина Струга, на депонијата е избувнат пожар, при што е зафатена и блиска борова шума. Моментно се присутни две противпожарни возила и четворица пожарникари и шестмина вработени од ЈП „Национални шуми“, подружница „Јабланица“ од Струга, извести ЦУК.

Заради опасноста од проширување на пожарот кон место што е непристапно за гаснење на пожарот од земја, побарана е воздухопловна поддршка и во моментот на информирање, воздухопловната поддршка од Хеликоптерската единица на МВР, за гаснење на опасниот пожар е на пат, соопштија од ЦУК.

Текстот ЦУК: Ангажирана и воздухопловна поддршка за гаснење на опасниот пожар шума кај Делогожди, што од депонија помина во борова шума е превземен од МАКФАКС.