„Иронијата за ‘мерцедесот’ верувам дека не е во служба на никого, јас немам комплекс со што доаѓам, дали со ‘мерцедес’ или приватно ќе си одам дома, рече претседателот на преодната Влада, Талат Џафери. Џафери со песна беше дочекан во Форино истиот ден кога ја презеде функцијата технички премиер. Беше пречекан пред капијата на својот дом во вечерните часови, а тој пристигна во придружба на полиција во „мерцедес“.
Без оглед колку ќе трае оваа влада, Џафери уверува и дека во ниеден миг нема да отсуствуваат редовното функционирање и инклузивна соработка во работата на Владата обезбедувајќи секој сегмент во министерствата да биде транспарентен, ефикасен, отчетен и во служба на граѓаните.
„Ние сме сите таму благодарение на вас, штитење на вашите интереси и создавање услови за вашата благосостојба, напредокот и чување на достоинството на Северна Македонија“, додаде Џафери
Џафери посочи и дека Владата има компетенции и одговорности со Уставот и со законот.
„Нашиот ангажман како Влада и мојот личен е да се реализираат сите уставни процедури за сите индивидуи“, истакна Џафери.
Текстот Јас немам комплекс со што доаѓам, дали со „мерцедес“ или приватно ќе си одам дома, рече Џафери е превземен од МАКФАКС.