109 санкционирани возачи во Скопје

109 санкционирани возачи во Скопје

пред 6 месеци

Во Скопје вчера се изречени вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, четири мерки за користење на мобилен телефон при управување, 28 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири мерки за некористење на сигурносен појас, информира МВР во дневниот извештај.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и придонес за посигурни патишта.

Текстот 109 санкционирани возачи во Скопје е превземен од МАКФАКС.