Санкционирани 250 непрописно паркирани возила во општина Центар

13 возила подигнати со „пајак“: СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство

пред 6 месеци

Вчера во периодот од 18.00 до 00.00 часот полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата.

При тоа била спроведена и сообраќајна контрола, санкционирани биле 14 возачи, од кои едно возило било нерегистрирано, едно возило било одземено поради техничка неисправност, 13 возила биле подигнати со специјално возило „пајак“.

Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови, најави полицијата.

Текстот 13 возила подигнати со „пајак“: СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство е превземен од МАКФАКС.