22 казни за неисправни сопирачки на автобуси и комбиња што вршат јавен превоз

пред 3 години

Припадници на полицијата во текот на вчерашниот ден (27 јануари) спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред сè автобуси и комбиња.

Како што информираат од МВР, при контролата откриени и санкционирани биле 42 технички неисправни возила, од кои 22 имале неисправни сопоирачки, 6 неисправен уред за управување итн…

Од овие 42 прекршоци, најмногу биле констатирани на територија на СВР Тетово – 11, односно на територија на Скопје – 10.

Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци.

Од ресорното министерство нагласуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во текот на викендот.