Советот на Општина Гостивар денеска одржа вонредна седница, на која со 22 гласа „за“ и 8 „против“ за вршител на должноста градоначалник на Гостивар беше избран Валбон Лимани.
Во своето излагање новоизбраниот градоначалник Валбон Лимани им се заблагодари на советниците за досегашната доверба и соработка.
„Не можам да не ви се заблагодарам за довербата која штотуку ми ја дадовте. Сите сме обединети за заеднички идеал. Ве сметам за тим и не ве разликувам по партиска, верска или етничка припадност. Сите исто ве гледам, гостиварци! Овој Гостивар треба да блесне за сите генерации што доаѓаат и за сите оние што го сакаа, а веќе не се меѓу нас“, рече Лимани додавајќи дека Гостивар е негова лична мисија, а со тоа и благосостојбата на сите негови жители.
Исто така, на истата седница за прв човек на Советот на Општина Гостивар е избран советникот Намик Дурмиши.
Текстот Валбон Лимани избран за в.д. градоначалник на општина Гостивар е превземен од МАКФАКС.