„Денот по утрото се познава! Демократската унија за интеграција е задоволна и благодарна за масовниот одѕив на граѓаните во поддршка на кандидатурата на Бујар Османи за претседател на нашата земја. Од вчера Бујар Османи е првиот и засега единствен официјален претседателски кандидат за изборите на 24 април“, соопшту ДУИ.
„Собирањето потписи се одвиваше во согласност со предвидената динамика на републичкиот изборен штаб и по успешното завршување на процесот, ДУИ и Бујар Османи ќе се фокусираат на претставување на нашите идеи пред граѓаните за кои сме убедени дека ќе бидат прифатени и поддржани.
Како што веќе јавноста знае, прогресивната идејата на лидерот Али Ахмети е претседателот на државата да се избира во Собранието со 2/3 мнозинство на гласови и со Бадентер.
Двотретинско мнозинство за да се обезбеди општествен, натпартиски консензус, со над 80 гласа во Собранието.
Додека со Бадентерово мнозинство, за да се обезбеди и етнички консензус, за да се спречи етничко надгласување и наметнување на волјата само на двете поголеми македонски политички партии.
Ова ќе обозможи претседател со целосен легимитет, заштеда ннад 20 милиони евра во државата, десетици илјади граѓани ќе се поштедат од процесот на собирање потписи, сите граѓани исто така ќе бидат поштедени од кампањата и учество на изборите за протоколарна функција.
Идејата потекнува уште од 2009 година кога лидерот Али Ахмети на вториот изборен конгрес на Демократската унија за интеграција во Скопје ги наброи 12-те позиции, тогаш недостижни за Албанците, меѓу кои и претседател на државата.
Од тогаш оваа прогресивна идеја ја имаме во сите наши изборни програми и ја реализираме чекор по чекор.
Ни требаат сите гласови, и на Албанците, и на Македонците, и на сите други, за да ни се овозможи да го измениме Уставот, истовремено и за изборот на претседател и за уставните амандмани, кои произлегуваат од договорот за добрососедство и да продолжиме одлучно кон ЕУ.
Граѓаните треба да го концентрираат својот глас за најсилната албанска партија, при што ќе се постигне целта и ќе се спречат Русија и руското влијание, кое ги зафати нашата економија, критичната инфраструктура, политичките партии, медиумите, верските заедници, граѓанското општество и има цел да го дестабилизира нашето кревко мултиетничко, мултирелигиозно и мултикултурно општество за промовирање домино-ефект во целиот регион“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Текстот ДУИ: Бујар Османи е првиот потврден кандидат за претседател на државата, денот по утрото се познава е превземен од МАКФАКС.