Приведени тројца скопјани кои биле затекнати со марихуана

пред 4 години

Полицијата во одделни акции вчера привела тројца скопјани кои при преглед биле фатени со марихуана.

Едниот бил приведен синоќа во 21.30 часот на Средно Водно, а станува збор за 31-годишник.

Вториот приведен е 19-годишен скопјанец кој бил затекнат со марихуана еден час порано, во близина на Железничката станица.

Во третиот случај станува збор за 20-годишник, приведен во Чаир.

Од МВР велат дека по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.