Смена на врвот, Шкупи ја прескокна Струга

Смена на врвот, Шкупи ја прескокна Струга

пред 7 месеци

Foto/ facebook.com/fcshkupi1927

Шкупи е нов лидер во домашното првенство, откако во 19.коло ја победи Воска, а актуелниот шампион Струга, одигра без голови против Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Шкупи на домашен терен славеше лесна победа во дуелот со Воска. Два гола за Шкупи постигна новиот играч Емануел Гронер.

Шкендија победи кај Македоноја Ѓорче Петров. Голот за победа и три бода го постигна Тотре од пенал.

Силекс доживеа пораз во Кратово од АП Брера. Гостите од Струмица со победата од 1:0 му го расипаа дебито на новиот тренер на Силекс, Александар Васовски.

Најнеизвесниот натпревар се одигра во Штип. Брегалница со головите на Ѓорѓиев со 87. и 98. минута го победи Тиквеш со 2:1.

Резултати, 19.коло:
Силекс – Брера 0:1
Шкупи – Воска 3:0
Брегалница – Тиквеш 2:1
Македонија ЃП – Шкендија 0:1
Работнички – Струга 0:0

Табела:

Share
Scroll to Top