Алкараз разочаран: Новак наметна темпо што не можев да го следам

Алкараз разочаран: Новак наметна темпо што не можев да го следам

пред 3 месеци

Карлос Алкараз не успеа да стане најмладиот олимписки шампион во опен ерата. Во епскиот спектакл, во финалето на Олимписките игри, Алкараз загуби од Новак Ѓоковиќ со 7:6 (3), 7:6 (2).

Иако пред финалето храбро најави дека ќе и донесе злато на Шпанија, младиот тенисер загуби во два сета од сега најстариот олимписки шампион во опен ерата Новак Ѓоковиќ.

Поразот толку силно го погоди Алкараз, што не можеше да ги задржи солзите во разговорот за Еуроспорт со Алекс Кореча.

Само што сакаше да каже нешто, почна да плаче, а Кореча го тешеше.

„Смири се… Не плачи, горди сме на тебе“, му рече Кореча.

„Комплицирано е, се боревме скоро три часа во два тај-брејка, не ги искористивме шансите што ги имавме. Да се игра против Ѓоковиќ никогаш не е лесно. Се случи дека во тешките моменти, во тај-брејковите, тој го крена нивото на својата игра, јас тоа не можев да следам. Тој го заслужи ова. Боли да се изгуби на овој начин, но јас заминувам со крената глава. Дадов се од себе, најдобро што можев се борев за Шпанија“, изјави шпанскиот тенисер.

Share
Scroll to Top