Жестока навивачка тепачка ја одбележа изминатата ноќ во Бања Лука.
Според последните информации, навивачите на Борц ги нападнале навивачите на Ференцварош, кои од Унгарија кои допатуваа на реваншот за плејофот во Лига Европа.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, навивачите на Борац им приредиле „пречек“ на гостите, приврзаници на Ференцварош, кои организирано пристигнале на натпреварот против клубот од Бања Лука.
29.08.2024, Borac Banja Luka – Ferencvaros, Lešinari Banja Luka attacking Ferencvaros Green Monsters in Banja Luka, Ferencvaros running, check more here: https://t.co/23hVDk3drv pic.twitter.com/Td0MaMSvmE
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 29, 2024
На интернет се појавија бројни видеа од инцидентите на кои се гледа како домашните хулигани со факели и палки ги напаѓаат гостите од Унгарија На видеата може да се види и како во еден момент се повлекуваат унгарските навивачи.
Полицијата веднаш реагирала, а информации за повредени и евентуална штета ќе бидат познати во текот на денот.
Инаку, Борац игра историски меч за пласман во групната фаза на ЛЕ. Првиот меч во Унгарија заврши 0:0. Поразениот од овој дуел ќе игра во групната фаза во Конференциската лига.
29.08.2024, Borac Banja Luka – Ferencvaros, Lešinari Banja Luka attacking Ferencvaros Green Monsters in Banja Luka, Ferencvaros running, check more here: https://t.co/23hVDk3drv pic.twitter.com/C8XEkdFjZi
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 29, 2024